Втор пат за три години: Трамп испадна од листата на Форбс на 400 најбогати Американци

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп по втор пат во последните три години испадна од листата на Форбс на 400 најбогати Американци.

Трамп, со проценето богатство од 2,6 милијарди долари, е за 300 милиони долари помалку од критериумите поставени на листата на Форбс 400.

Форбс соопшти дека нетото богатство на поранешниот претседател е намалено за повеќе од 600 милиони долари во однос на пред една година, наведувајќи ја како основна причина платформата за социјалните медиуми на Трамп, Truth Social. Според списанието, 90-процентниот удел на Трамп во матичната компанија Truth Social паднал од околу 730 милиони долари на помалку од 100 милиони долари.

„Форбс“ наведе дека во падот на неговото богатство имале улога и деловните згради на Трамп во Сан Франциско и Њујорк, чија вредност е намалена за милиони долари.