Втора шанса за празните шишиња на Coca-Cola

79

coca cola

Празните шишиња од Coca-Cola не мора да завршат во ѓубре, туку можат да станат корисно помагало. Ова е пораката на новата кампања на глобалниот произведувач на безалкохолни пијалоци.

Во рамките на кампањата, заедно со агенцијата Ogilvy & Mather China, Coca-Cola лансираше пакет од 16 иновативни затворачи кои празното шише го претвораат во нешто сосема различно – алатка за боење, острилка, прскалка…

Coca-Cola ќе подели 40.000 посебни затворачи во Виетнам, а потоа и во другите азиски земји, за да ја подигне свеста за потребата од рециклирање.