Македонија 2025 ќе биде домаќин на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија, кој ќе се одржува од 3-ти до 6-ти октомври во Охрид.
На самитот ќе се разгледуваат стратегии за зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење.
Како и минатата година така и оваа на едно место ќе се соберат високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија.
Настанот ќе понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и ќе ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во инфраструктурата, транспортот и развојот на ICT инфраструктура, природните ресурси, енергијата и обновливата енергија, производството и истражувањето и развојот на човечки ресурси.
За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови настани за поврзување и дружење.
Првиот Глобален инвестициски самит меѓу бизнис дијаспората и македонската бизнис заедница, Македонија 2025 го организираше минатата година во Охрид. На Самитот учествуваат повеќе од 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници.