Вториот по големина синџир на кина во светот поднесе барање за стечај

67

Британската компанија „Cineworld Group“, една од најголемите во забавната индустрија и вториот по големина синџир на кино во светот, поднесе барање за стечај.

Претходно WSJ објави дека сопственикот на „Regal Cinemas“ имал тежок период зад себе и дека неговите акции некаде кон средината на август паднале за дури 80 отсто.

Имено, „Cineworld Group тогаш се консултираше со адвокати за процесот на стечај во САД и Велика Британија, бидејќи нивниот „прием беше под очекуваното“.

Како што пренесува Гардијан, „Cineworld“ засега поднел барање за стечајна заштита само во САД, а намерата е да се преструктуира, откако британскиот гигант се соочи со мал број гледачи.

Групата има 751 кина, вклучувајќи повеќе од 500 во САД, повеќе од 100 во Британија и Ирска и други објекти низ Европа и Израел. Сопственик е на синџирот „Picturehouse“ во Британија и на кината „Regal“ во САД.