Вториот по големина светски производител на пченица го забрани извозот

239

Индија го забрани извозот на пченица и таа одлука на државата стапи на сила во петокот доцна навечер, соопшти владата во Њу Делхи.

Вториот најголем производител на пченица во светот се обидува да ја намали цената на локалниот пазар.

Испораките на пченица се дозволени само во случаи кога продажбата била одобрена порано, додаде владата, објави Ројтерс.