Од 10 до 12 октомври пред платото на Универзална сала – Скопје ќе се одржи второто издание на фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива 2013. Заинтересираните уметници-индивидуалци, здруженија, компании може да се пријават на конкурсот објавен од организаторот.
Организатор на фестивалот е Соларис продукцијата од Скопје, а поддржан е од Град Скопје и Универзална сала, од Скопје.
Оваа година фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива, ќе биде насочен кон промоција на иновации од областа на компјутерскиот дизајн, музиката, филмот, дизајнот на мебел и најразлични иновативни производи и услуги создавани од македонски уметници и компании.