Вучиќ: Ќе се приватизира Телеком Србија и дел од ЕПС

23

Telekom-Srbija

Премиерот на Србија Александар Вучиќ потврди дека владата е решена да го приватизира Телекомот, но во случајот на Електростопанство Србија (ЕПС) подготвена е за продажба на малцински пакет.

Во интервју за блог на Лондонската школа за економија, Вучиќ изјави дека до крајот на годината мора да се најде советник за приватизација на Телеком.

“Мислам дека до крајот на годината ќе најдеме советник за приватизација на Телеком Србија. Сега бараме инвестициски партнер за Телеком, подоцна ќе одиме на отворен и транспарентен тендер и ќе го решиме прашањето со Телеком”, вели Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Според Вучиќ, државата сосема сигурно нема да продава мнозински пакет акции од ЕПС, но бара инвеститор заинтересиран за малцински пакет, како стратешки партнер.