Вуди Ален го тужи Amazon Studios за прекршување на договор за продажба

59

Филмскиот режисер Вуди Ален покрена легална постапка против Amazon Studios, подружница на Amazon, поради одбивање да го продаде неговиот последен филм, пишува BBC.

Осумдесет и тригодишната холивудска легенда бара повеќе од 68 милиони долари оштета, а како причина за тоа го наведува повлекување на студиото од договорот, без никаква причина.

Претходно, Amazon Studios ги продаваше филмовите на Ален, но последното негово остварување A Rainy Day in New York изостана.

Студиото, наводно, се повлекло од договорот поради неоснованите обвинувања кон режисерот во врска со несоодветниот однос што го имал со неговата посвоена ќерка во 1992 година.

Обвинителството вели дека Amazon знаел за неправедното обвинение пред да склучи договор со Ален и тоа не е никаква основа истиот да биде прекинат.

Фото: Facebook