Vue International ќе гради 30 кина во Саудиска Арабија

18

cinema-2502213_960_720

Фото: Pixabay

Vue International ќе гради 30 кино сали во Саудиска Арабија, во партнерство со Аbdulmohsin Al Hokair Holding Group, компанија за туризам и забава. Се очекува првото кино да се отвори во втората половина на годинава, пишува CNN.

Саудиска Арабија ја укина својата 35-годишна забрана за комерцијални кина во декември, а Vue веднаш ја искористи оваа прилика. Според компанијата новите кино сали ќе бидат на ниво со најдобрите во светот, а ќе се градат во следните три години. Кино комплексите ќе бидат подигнати на постоечки локации, како и на нови.

Владата се надева дека отворањето на кината ќе дејствува како катализатор за економски раст, создавајќи нови можности за вработување.