VW го прекинува производството на уште еден модел

VW се обврза да произведува само електрични возила во Европа од 2033 година.
Можеби затоа овој бренд полека, но сигурно ја подига рампата на најевтините модели.

Како што пишува специјализираниот магазин Autocar, VW ќе го прекине производството на својот мал модел – тоа е VW up!

Ова значи дека, откако Škoda престана да го произведува Citigo, а SEAT набргу потоа го прекина производството на Mii, уште еден помал автомобил е при крај.

VW up! се произведуваше 12 години, а новиот најевтин модел во портфолиото на VW ќе биде Polo, пренесува RevijaHak.

Има сè помалку мали модели со бензински мотори, а замена кога станува збор за VW би можела да пристигне во форма на ID.1, електрично возило.