VW и Stellantis ја претекнаа Тесла

91

Германскиот концерн и француско-италијанско-американскиот автомобилски гигант ги зазедоа првите две места во Европа за продажба на ЕВ во првата половина на 2022 година.

Кога станува збор за електричните автомобили, групацијата Volkswagen во првите шест месеци од оваа година зад себе остави два големи ривали, Stellantis и Tesla. Добар резултат направи и Stellantis, со оглед на тоа што многу им се доближи на Германците, и ја престигна Tesla по продажба.

Концернот Volkswagen испорача 116.307 електрични возила на клиентите во Европа во првата половина од годината, додека Stellantis беше втор со 105.413 испорачани електрични автомобили.

Tesla е на третата позиција со 78.277 продадени возила, според податоците добиени од Dataforce и објавени од Automotive News Europe.

Податоците се однесуваат на 27 земји од ЕУ, плус Велика Британија, Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Најпродаваниот електричен автомобил од Stellantis е новиот Fiat 500.