Дизајнерското студио goCstudio со седиште во Сиетл, Вашингтон, создаде сауна што плови на вода.
Нејзиното име е wa_sauna, а компанијата неодамна го заврши процесот на тестирање, па сауната веќе може да се види на езерата во Сиетл.
Пловниот објект е осмислен како приватно засолниште за идните сопственици. Во Вашингтон, каде што е претставена сауната, е регистрирана како брод. Ја движи електричен мотор, додека греењето е обезбедено од шпорет на дрва.
Нејзината цена е 20.000 долари, но сè уште не е е достапна за купување, а од студиото велат дека и тоа наскоро ќе се случи.
Првично сауната беше наменета за купувачи од Сиетл, но истата привлече голем интерес и кај сопственици на луксузни крајбрежни хотели и домови, па можно е да се најде и на светските пазари.