Wa_sauna – сауна што плови на вода

22

ce223b9c3b03a8f277b0216fc2ca4c0a_originalДизајнерското студио goCstudio со седиште во Сиетл, Вашингтон, создаде сауна што плови на вода.

Нејзиното име е wa_sauna, а компанијата неодамна го заврши процесот на тестирање, па сауната веќе може да се види на езерата во Сиетл.

Пловниот објект е осмислен како приватно засолниште за идните сопственици. Во Вашингтон, каде што е претставена сауната, е регистрирана како брод. Ја движи електричен мотор, додека греењето е обезбедено од шпорет на дрва.

Нејзината цена е 20.000 долари, но сè уште не е е достапна за купување, а од студиото велат дека и тоа наскоро ќе се случи.

Првично сауната беше наменета за купувачи од Сиетл, но истата привлече голем интерес и кај сопственици на луксузни крајбрежни хотели и домови, па можно е да се најде и на светските пазари.

luksuz-fancy-dizajn-sauna (3)luksuz-fancy-dizajn-sauna-99