Wall Street го дрма кризата: INTC и IMB со пад на акциите

50

INTC доживеа пад на акциите за 3,8% и сега една негова акција чини 21,49 американски долари додека IBM се во пад за 4,5%, односно 201,48 американски долари по акција. И двете корпорации се помеѓу најголемите “губитници” според бројките со кои располагаат Dow и Nasdaq (најпознатите  мрежи кои се занимаваат со движењето на акциите т.е. со индексот на раст или пад на акциите во САД).

Би кажал дека ова е прилично разочарување и додека ние мислиме дека ќе видиме подобри резултати, сепак тешко е да се оди против пазарот бидејќи неговите прогнози се дека не треба да очекуваме некаков раст кога станува збор за Intel или IBM, вели Ричард Сичел главниот инвестициски директор на компанија Philadelphia Trust Co.

За разлика од нив, Банката на Америка бележи благ раст од 0,7% во и онака променливата состојба, но сепак тоа е далеку пониско од нејзиниот раст од ланската година.

Овие резултати доаѓаат како комплетно објаснување на севкупната слика за финансискиот сектор на САД. Пред неколку дена резултатите кои ги објавија Citigroup и Goldman Sachs оставија позитивни впечатоци после разочарувачките бројки од JPMorgan и Wells Fargo, кои претрпеа огромни загуби.