Walmart ќе тестира достава со дронови

41

Американскиот ланец маркети Walmart соопшти дека ќе почне пилот-програма која се однесува на испорака на продукти за домаќинство преку автоматизирани дронови во соработка со компанијата Flytrex.

“Знаеме дека ќе помине време додека да видиме милиони пакети кои се испорачани со дрон затоа што ова се уште изгледа како научна фантастика“, изјави Том Вард, потпретседател во Walmart.

Соочена со пандемијата на коронавирусот, компанијата ги прошири своите услуги и воведе и сегмент за достава со дронови со оглед на тоа дека купувачите се многу повнимателни и се одлучуваат за онлајн купување. Од Walmart, чија интернет продажба на територијата на САД се дуплираше во вториот квартал, ја истражува и можноста за достава преку автономни возила, пишува Reuters.

Фото: Pixabay