Wardrobe – услуга за изнајмување на стилизирани парчиња облека

100

Wardrobe е услуга што вклучува изнајмување на модерна облека преку апликација и специјални места од каде истата може да се подигне.

Моментално услугата е достапна само во Њујорк, а корисниците можат да се послужат со модните парчиња од околу 40-тина локации во градот.

Облеката пред да биде предадена на друг поминува низ темелно чистење за да биде во “најдобро светло“ за следниот клиент, пишува Tree Hugger.

“Со ова неизносената облека добива уште една шанса, што е многу попрактично отколку да седи во нечиј гардеробер неискористена со години“, велат оттаму.

За оние кои не можат да дојдат до локациите со алишта навреме, постои и испорака. Ако облеката се нарача до 16 часот, истата ќе стигнe на посочената адреса најдоцна до 10 часот следниот ден.

Wardrobe, исто така, работи и со стилисти и инфлуенсери и кои им даваат совети на клиентите како да се облекуваат и кои нивни парчиња би биле добри за изнајмување.

Засега услугата е достапна само во Њујорк, но се надеваат дека ќе се прошират и на други места.

Фото: Wardrobe