Warm Me Up Scottie – столица што ве грее додека седите

44

HyperFocal: 0Ханеке де Лиу од холандското студио Fabrique Publique дизајнираше столица што ве топли додека седите. Warm Me Up Scottie е направена од челични цевки рачно свиткани со цел да добијат форма на столица којашто може да се прицврсти за радијатор. Цевките се полнат со топла вода и го затоплуваат грбот и долниот дел на нозете на тој што седи.

Идејата за ова интересно парче мебел дизајнерката ја доби од принципот на којшто шише со топла вода може да го загрее телото на едноставен и ефективен начин.

Warm-Me-Up-Scottie-by-Fabrique-Publique-4-889x706

Терапијата со топлина е еден од најстарите третмани за подобрување на здравјето и е многу ефикасна за намалување на болките во долниот дел на грбот.

Првенствено, Warm Me Up Scottie беше креирана за луѓето што страдаат од ревматски болки, но истата може да ја користи секој кој сака да го затопли своето тело особено во ладните зимски денови. Столицата може да се користи и во лето, со таа разлика што во цевките се става ладна вода.