Washington Post го продава своето седиште

22

wpWashington Post го продава своето седиште, зградата во центарот на Вашингтон, во близина на Белата куќа, на агенцијата за недвижности Carr Properties за 159 милиони долари.

Весникот, кој есенва за 250 милиони долари го откупи основачот на Амазон, Џеф Безор, ќе продолжи да ја користи зградата како седиште се додека не пронајде соодветно решение за преселба.

Издавачот на Post, Кетрин Вејмаут, уште во февруари на вработените им кажала дека почнала да ја истражува продажбата на седиштето и негово дислоцирање, велејќи дека целта е најдат помодерна, светла, отворена и ефикасна зграда, која подобро ќе ја поддржува и унапредува нивната мисија во иднината.