Фото: Energous
Федералната комисија за комуникации (FCC) го одобри првиот безжичен полнач којшто ги полни уредите од далечина, пишува Mashable. Полначот е наречен WattUp и е дело на компанијата Energous. Работи на принцип на испраќање радиобранови на уредите што се на растојание од максимум еден метар.
Ова е прв пат FCC да одобри безжичен полнач којшто работи од далечина. Компанијата објави промо видео во коешто покажува дека WattUp може да полни повеќе уреди одеднаш, а престанува да полни кога нивните батерии ќе бидат на 100%.
Полначот е многу малечок и може да се стави било каде во близина на уред, вклучувајќи и уреди отпорни на вода.