WAYB Pico – лесно транспортно седиште за деца

30

WAYB Pico e ултра лесно преносно седиште, изработено од алуминиум којшто се користи во вселената. Наменето е за деца од 2 до 5 годишна возраст, односно за тежина од 10 до 23 килограми. Благодарение на квалитетниот материјал од којшто е направено седиштето тежи само 3,6 килограми, но е многу цврсто и безбедно, а може да се намести во автомобил, авион, комбе и слично.

Зад неговиот дизајн стои компанијата WAYB, која што е основана во март 2017 година во Калифорнија, од страна на тројца ентузијасти, а подоцна тимот се проширува со уште неколку луѓе од познати компании.

Pico е помало од вообичените седишта за деца па може комотно да се сместат три на задното седиште од автомобилот.

Производот има своја кампања на платформата Indiegogo и досега има собрано 177.370, а првично побарале 50.000. Кампањата трае уште еден месец, а првите испораки се очекуваат во февруари 2019 година.

Pico доаѓа во четири бои тиркизна, кафена, сива и темно сина, а се комплетира и со торба за носење којашто се продава со 40% попуст за поддржувачите на кампањата.

Фото Youtube