Фото: Waymo
Waymo, проект за самоуправувачки автомобил на Google, стартува целосно автономна такси услуга без присуство на возач, откако успешно ги тестираше своите возила на патиштата во Аризона, САД.
Како што велат од Waymo, услугата ќе биде достапна во следните неколку месеци, а на располагање ќе ги имаат мини караваните од Fiat Chrysler Pacifica коишто ќе бидат опремени со самоуправувачка технологија. На почетокот, патниците ќе бидат придружувани со вработен во компанијата, но потоа ќе патуваат сосема сами во автомобилите, пишува The Guardian.
Први што ќе можат да ги испробаат способностите на Waymo, ќе бидат оние кои веќе биле дел од тестирањата во Феникс, Аризона. Возењата, на почетокот ќе бидат бесплатни, но со тек на време ќе почнат да се наплаќаат.