Waze – апликација за навигација ќе дава информации за цените на патарините

101

Фото: Pixabay

Waze е апликација за навигација во сопственост на Google, а се базира на заедница од корисници. Благодарение на тоа, корисниците на апликацијата во реално време добиваат голем број дополнителни информации, како што е состојба со метеж на патиштата во реално време, цени на горивата и слично. Една од новите опции во рамки на апликацијата е информирање на корисниците колку чинат патарините на одбраната маршрута, пренесува Android Police.

Информациите околу цените на патарините ќе се добиваат, како и останатите податоци, од другите корисници на оваа апликација. Waze предвид ќе го земе и датумот на патување, како и типот на возило.

Проценката на цените на патарините ќе се прикажува пред корисникот да замине на пат, така што ќе може да разгледа дали има алтернатива рута и на време да одлучи по кој пат ќе се движи.