Weekend.15 го отвори најголемиот познавач на тајните служби и Мосад

7

Вчера спектакуларно беше отворен  Weekend.15, а за одличната забава во свој уникатен стил се погрижија Дарко Рундек и џез оркестарот на ХРТ, додека атмосферата дополнително беше загреана од  популарните Матија Цвек и The Funkensteins. Предавањата и панелите започнаа денеска, а истите беа отворени со интригантен разговор 1 на 1 помеѓу израелскиот новинар и експерт за Мосад, Јоси Мелман и Игор Алборгети.

„Веќе 15 години Weekend ја има таа моќ да привлекува луѓе и покрај тоа што на самиот почеток на оваа приказна замислувавме нешто што требаше да биде многу помало и пократко. Сепак, тука сме, 15 години подоцна како најголема регионална комуникациска конференција. Годинава направивме синтеза на два фестивала, горди сме што бевме домаќини на меѓународниот фестивал за креативност Golden Drum во Ровињ“, изјави Томо Рицов, директор на фестивалот и програмски директор на отворањето на Weekend, додавајќи дека тој својот успех го должи на самиот генерален спонзор почетоците – групацијата Adris .

Тајните служби и информациското милје отсекогаш биле предмет на бројни шпекулации, теории и заговори, а ретко која тајна служба го достигнала иконскиот статус на израелскиот Мосад. Јоси Мелман, публицист, новинар и човек со илјада приказни, од кои веројатно повеќе од половина никогаш нема да бидат објавени, го отвори јубилејниот Weekend.15 во интригантен разговор 1 на 1 со модераторот Игор Алборгети пред преполната сала со заинтересирани посетители .

Со неколку пикантерии од светот на тајните служби, како што е приказната за поставување на апарат за слушање во бањата на диктаторот која тој на крајот никогаш  и не ја користел, доминантен мотив на интервјуто беше технологијата и нејзината употреба во бројни операции. Според Мелман, она што лежи во сржта на човечкиот потенцијал на разузнавачките агенции е решителноста, волјата и вештите луѓе кои се подготвени да ризикуваат. Иако модерните технологии играат суштинска улога во бројни сегменти од разузнавачките операции, сепак човечкиот фактор е незаменлив. Покрај акциите и операциите кои се достојни за филмовите за Џејмс Бонд, интересен е и податокот дека оваа разузнавачка служба има и задачи кои припаѓаат на доменот на дипломатските работи.

„Во Мосад има специјален оддел, кој е одговорен за тајните дипломатски односи со земјите каде Израел нема официјално претставништво. Особено арапските земји кои нè опкружуваат. Тајно создаваат врски со одредени компатибилни кругови, за во еден момент да станат јавни. На пример Саудиска Арабија е добар пример за ова, имено со години Израел и Саудиска Арабија имаа лоши односи, но поради други закани како што е Иран и бројни други причини, постои подготвеност за соработка. Во некои случаи, Мосад делува како замена за Министерството за надворешни работи“, откри Јоси Мелман.

Конечно, пошироката јавност доби шанса да го запознае човекот кој стои зад дигитализацијата на автомобилската индустрија. Користејќи го примерот на неговата успешна компанија AutoScout24, Никола Дешковиќ истакна колку било возбудливо, но и што сè морал да направи за да го трансформира и дигитализира купувањето и продавањето автомобили. Она што е Дешковиќ како искусен дигитален експерт во светот на автомобилската индустрија, тоа се Дражен Мавриќ, извршен директор на НОВА ТВ, Бранко Чакармиш, претседател на Управниот одбор на RTL Хрватска и главен извршен директор на Јадранскиот регион, Роберт Швеб, генерален директор на ХРТ под модераторска палка на ТВ уредник и предводен од Петар Стефаниќ во светот на медиумите. Иако телевизијата денес се троши на поинаков начин за разлика од пред 30 години, панелистите се согласија дека телевизијата не ја изгубила својата магија, напротив – добива сè повеќе благодарение на новата технологија. Тројцата раководители на трите национални телевизии објаснија зошто денеска го прикажуваат Дневник во исто време и кое е нивното мислење за Законот за електронски медиуми.

За својот 15-ти роденден, Weekend им даде единствена можност на посетителите да ја видат една од најпопуларните изложби во светот, која ја виделе над 400.000 луѓе во над 40 земји. Влијателната изложба „Tolerance Poster Show“ под покровителство на DIRECT MEDIA United Solutions во просториите на старата Тутунска фабрика презентираше дури 94 уметнички дела на кои дизајнери од целиот свет покажаа каков е според нив концептот на толеранција, нешто кое денес е особено значајно. Изложбата ја отвори Стефан Гајиќ, Creative Lead & Art Director во DIRECT MEDIA United Solutions, а меѓу изложените дела беа и оние на дизајнери од Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Како помина првиот ден од Weekend може да прочитате овде, а за сите новости посетете ги официјалните страници на Instagram и Facebook .