Weighitz – минијатурна прецизна вага без ограничување во мерењето

100

mali vagi

Weighitz е минијатурна паметна вага дизајнирана да измери сè што ќе посака нејзиниот корисник.

Weighitz е вага со висока прецизност, што може да се користи за мерење на најразлични предмети без оглед на нивната големина. Постојат три синхронизирани мали ваги коишто заедно може да се користат доколку е поголем предметот што се мери.

Овие мали ваги се користат многу едноставно, па сè што е потребно е да се заврти и да се постави под површината на предметот што треба да се измери. Вагите, за поголема функционалност, се поврзани со апликација преку која корисникот ги добива сите потребни информации за тоа што го мери.

За дизајнот на овој уред се погрижија физичарот Алан Келин и Порнима Кумар, инженер и научник. Тие за својот производ бараат финансиска поддршка од 30.000 долари преку Kickstarter.