Welt – паметен ремен што ја чува вашата линија

25

38eb1f81b18e8adf475213f6fa75c808_originalСпин оф компанијата на Samsung, Creative Labs, лансираше кампања за глобално финансирање за својот производ Welt, пишува New Atlas. Станува збор за фитнес тракер којшто е вграден во ременот на корисникот и ги следи чекорите, времето поминато седејќи, како и големината на струкот. Ако го носите подолго време, истиот може да ви каже дали сте на вистинкиот пат да ги постигнете вашите цели. На кратки релации може да мери како вашиот стомак се шири кога сте најадени и да создаде слика на вашите навики во исхраната, за да знаете дали сте претерале во нешто.

Собраните информации потоа се пренесуваат до корисникот на Welt преку Bluetooth 4.1 на iOS или Android оперативен систем. Информациите можат да се добијат дневно, неделно или месечно преку графикон. Како што велат од компанијата, само со едно полнење батеријата може да издржи до 20 дена, во зависност од начинот на користење. Штом ќе се испразни, може да се наполни со мало USB што се приклучува на дното од токата.

8a4c13d1878fbcfa6b62ab7e49870f7c_original

Ремените ги има во различни нијанси на сино и кафено со цел да одговараат на гардеробата. Ќе бидат достапни за двата пола, како и за различен вид на настани, формални и секојдневни. На платформата за глобално финансирање Kickstarter веќе имаат собрано над првично побараната сума од 30.000 долари, а им преостанува уште еден месец. Цените за ремените се движат од 69 до 129 долари. Ако сè оди според планот, првите испорачки се очекуваат да бидат во јануари 2017 година.