WhatsApp стана бесплатен

15

whatsapp-new1Популарниот сервис за разговори WhatsApp оттсега е бесплатен за користење, пишува Fortune.

Апликацијата за којашто Facebook плати 19 милијарди долари во 2014, има околу една милијарда корисници ширум светот.

“Иако претплатата од 0,99 долари од корисник не е голема, немаат сите кредитни картички. Не сакаме луѓето да мислат дека нивната комуникација со светот во еден момент ќе се прекине”, изјави основачот на WhatsApp Јан Коум, на конференција во Минхен, Германија.

Тој исто така најави дека апликацијата нема да прикажува реклами. Наместо тоа компанијата работи на алатки преку коишто корисниците ќе го користат сервисот за да комуницираат со бизниси и организации за коишто се навистина заинтересирани.