Американскиот производител на апарати за домаќинство Whirlpool и глобалната маркетинг агенција DigitasLBi поставија машина за перење и сушење алишта во повеќе училишта во САД, пишува Adweek.
Целта на оваа акција е да им се помогне на учениците, кои немаат услови во домот, да имаат чисти алишта. Наставниците проценуваат дека 20% од американските ученици отсуствуваат од часови поради тоа што немаат чиста облека за на училиште.
“Кога ќе станам наутро и ќе видам дека немам чисти алишта, вообичаено останувам дома“, вели четвртоодделенката Ванеса, која е дел од програмата Care counts school laundry program на Whirlpool.