Winner life доби согласност за четврта емисија на хартии од вредност

4

Акционерското друштво за осигурување Winner Life Vienna Insurance Group Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 1.500 обични акции со вкупен износ на емисијата од 1.500.000 евра. Четвртата емисија на акции се врши по пат на зголемување на основната главнина на друштвото со парични влогови и е наменета за единствениот акционер Vienna Insurance Group AG Wiener Versiherung Gruppe, Австрија.

Со оваа емисија, како што информира КХВ, Winner Life има цел да изврши усогласување на работењето со Законот за супервизија на осигурување.