WiKey – уред што би ја заменил USB меморијата

23

wikey

Иако алтернативата на USB меморијата изгледа како вистинска револуција за начинот на пренос на податоците, токму таа револуција може да дојде од група ентузијасти од Босна и Херцеговина, пишува порталот Klix.ba.

wikey 1

Станува збор за WiKey, мал cloud уред кој колегите Адел Миљковиќ и Нандино Гаљијашевиќ го нарекуваат замена за обична USB меморија, што би требало да им ја даде потребната безбедност на податоците на корисниците.

wikey 2

“WiKey овозможува компатибилност со мобилните уреди и останатите функции што го прават уникатен, како што е следење на физичката активност и контролирање на паметни апарати за домаќинство и web сервиси“, вели Миљковиќ.

wikey 3

Тимот иноватори од БиХ, за да може во целост да ја реализира својата идеја, го претстави WiKey на глобалната платформа за финансисирање Indiegogo, каде што има за цел да собере 50.000 долари.