Во Франција се организира иницијатива за собирање на средства за да може да се фотографираат и документираат над 300 видови на сирења, со цел отворање на on line енциклопедија WikiCheese.
Планирано е да се соберат 5.000 евра за попис и фотографирање од 200 до 365 француски сирења, што претставуваат еден од главните симболи на земјата.
“Кампањата, поддржана од Wikimedia France, со собраните финансиски средства ќе ги купи сите планирани видови на сирење, како и потребната опрема за фотографирање и документирање. Од средствата дел ќе отпаднат и на исплата на волонтерите кои ќе треба да работат на илустрација и доработка на содржините“, стои на европската платформа за финансиска поддршка KissKissBankBank.
Досега на оваа платформа се собрани 3.372 евра од 72 таканаречени KissBankers инвеститори.