Winecream – сладолед со вкус на вино

102

www.tashadooley.com

Мала семејна компанија од Балтимор, САД, создаде гастрономска иновација – Winecream, сладолед со вкус на вино.

winecream

Производот на Crossroad е комбинација од сладолед направен од природни состојки и домашно вино со различни вкусови. Идејата за ваков производ им дошла по еден Божик поминат со многу сладолед и вино, но одвоено. Од 2014 година, овој интересен десерт почнале да го нудат на големиот број фестивали за храна и вино во Мериленд, а од почетокот на август вршат и достава до домовите на потрошувачите во Мериленд и Вашингтон.

vinecream

За Winecream се потребни околу 200 грама сладолед на којшто се додава вино по избор со вкус на јагода, ананас, праска, малини или капини. По желба на корисникот, во овој овошен микс може да се додадат и парчиња овошје, јаткасти плодови или чоколадни колачиња.