WITCON, tech конференција на 18ти мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

6

Women in Tech Macedonia ја најавува втората WITCON конференција, на 18ти мај во Скопје.

WITCON е конференција со главен фокус на спој помеѓу технологијата и бизнис заедницата. По втор пат, оваа година повеќе од 20 говорници ќе ја споделат својата експертиза на различни теми од овие две категории. Преку панел дискусии говорниците од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последната година, бизнис предизвиците со кои компаниите се соочуваат и искуствата од нивните успешни приказни.

Низ неколку часа на активни панели ќе бидат дискутирани трендовите во индустријата, но и покрај нив и ќе се разговара и за што е она што следно би очекувале во секој сегмент. Покрај, бизнис и технолошкиот аспект, подгответе се да излезете со знаење за најдобрите практики од индустријата и мотивација за успех дури и во најпредизвикувачки периоди низ кариерата. Билетите се во продажба и може да се купат на WITCON Tech Conference | bileti.mk.

Следете не’ на социјалните мрежи за повеќе детали за конференцијата, кои ќе бидат објавени наскоро на нашиот вебсајт и нашите профили на Facebook, LinkedIn и Instagram.

Зачувајте го 18ти мај за WITCON во вашиот календар и очекувајте одлични говорници, вмрежување и прекрасна атмосфера!