Wizz Air бесплатно превезува хуманитарци од Европа до Србија и БиХ

47

wizzair

Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air соопшти дека бесплатно ги превезува спасувачите и работниците регистрирани во хуманитарните организации од Европа кон Србија и Босна и Херцеговина.

Хуманитарните организации кои сакаат да пратат спасувачка помош во овие земји погодени од големите поплави, само треба да се пријават преку имејл за да им се резервираат авиобилети, во согласност со местата што ги имаат на располагање, соопштуваат од компанијата, пренесува Независне новине.

Wizz Air ќе им обезбеди бесплатни повратни билети за било која од своите линии од европските градови до Белград и Тузла.

Во саботата на 17 мај, оваа компанија од Германија во Белград донесе екипа медицински работници од Меѓународната хуманитарна организација Хумедика, овозможувајќи им бесплатен превоз.