Wizz Air ги намалува операциите во регионот поради недостаток на персонал

72

Wizz Air го намалува бројот на операции на многу од своите дестинации во поранешна Југославија поради недостаток на расположлив персонал.
Авиокомпанијата првенствено ќе ги намали фреквенциите за еден лет неделно, оставајќи бројни линии со само една неделна ротација. Авиокомпанијата го решава проблемот со недостаток на екипаж со започнување итна акција за вработување во Скопје, Белград, Сараево и Тузла, пишува Ex-Yu Aviation News.

Компанијата, исто така, склучи договор со ACMI (aircraft, crew, maintenance and insurance) за да обезбеди доволен број членови на екипажот.

Погодени се услугите од Скопје, Белград, Сараево, Тузла, Бања Лука, Сплит, Дубровник и Охрид. Од Скопје, авиокомпанијата ги намалува фреквенциите на летовите до Барселона, Берлин, Копенхаген, Гетеборг, Хановер, Нирнберг, Скавста, Ваксјо и Турку. Линиите погодени од недостатокот на екипаж од Белград вклучуваат Базел, Хераклион, Ларнака и Санторини.

Од Сараево компанијата ги намалува фреквенциите за Бове, а ги откажа плановите за започнување лет до Лондон Лутон, но претходно оваа недела објави стационирање на друг авион во градот од средината на декември. Понатаму, превозникот ги намали фреквенциите од Тузла до Баден Баден, Меминген и Виена. Од Бања Лука, услугите кон Ејндховен беа намалени, а намалени се и летовите од Охрид до Виена. Намалувањето на фреквенциите на авиокомпанијата влијаеше и врз нејзиното работење на хрватското крајбрежје, при што фреквенциите од Сплит до Дортмунд, Гдањск, Лутон, Рим и Виена се намалени, а скратени беа летовите од Дубровник до Виена и Варшава.

Проблемот со недостиг на персонал е како резултат на пандемијата на коронавирусот. Wizz Air минатата година отпушти голем број кабински екипажи во своите бази, вклучително и оние во поранешна Југославија. Исто така понуди доброволно заминување, што беше и поголемо од бројот на оние што беа погодени од самите отпуштања.

Фото: Pixabay