Wizz Air од април воведува директна линија Скопје – Будимпешта

72

wizzair

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air од април следната година воведува директна линија Скопје – Будимпешта, јавува Миа.

Рутата ќе почне од втори април, а ќе се реализира два пати неделно – среда и недела. Билетите се пуштени во продажба по цена од 1.199 денари.

Со новата рута, Wizz Air нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отворајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа.

Wizz Air почна да оперира од Скопје, во јуни 2011 година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во октомври 2012 година, Wizz Air ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.

Во 11-те месеци од 2016, Wizz Air пренесе околу еден милион патници со своите нискобуџетни македонски рути, поддржувајќи повеќе од 700 локални работни места во различни индустрии.

Wizz Air сега нуди 26 рути до 11 држави од Македонија.