WizzAir од март ќе полетува од Ниш?

26

nis

Во наредните неколку недели треба да се потпише договор со унгарскиот нискобуџетски авиопревозник WizzAir за воспоставување на редовни летови од Ниш, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на порталот Јужне вести.

Прецизни информации за тоа кога првиот авион на оваа компанија би можел да полета од нишкиот аеродром Константин Велики засега нема. Сепак, според претходните најави на градоначалникот на Ниш, Зоран Перишиќ и претставници на Владата на Србија, тоа се планира за март следната година.

WizzAir неодамна потврди дека преговара со нишкиот аеродром, но дека станува збор за “почетни преговори”.

На аеродромот во Ниш скоро една година нема редовни летови. Последниот авион на Монтенегроерлајнс полета на 31 октомври минатата година.