Work & Travel пикник во Скопје

25

Basic CMYKВо соработка со американската амбасада во Македонија и македонските Work & Travel агенции, SWT Алумни ќе го организираат првиот SWT Kick Оff пикник на 19-ти мај (недела) од 11:30 до 15:30 часот на стадионот на АРМ во градскиот парк во Скопје.

Со овој настан истовремено ќе се одбележи почетокот на 2013 Work & Travel (W&T) сезона и големиот американски празник Memorial Day. Настанот е поддржан од Tinex маркети и продукцијата Urban Puls.

Пикникот ќе биде целодневен настан, во чија програма се планирани спортски активности (влечење со јаже, одбојка, мал фудбал, фризби), музички перформанси (бенд во живо и DJ), а сите присутни ќе бидат почестени со пијалок и традиционални американски пикник закуски.

На Пикникот свое обраќање ќе има Ryan Stoner (Econ Officer) од американската амбасада во Македонија, претседателот на SWT Алумни, Виктор Митевски и претставник на W&T агенциите. Ќе биде организирана и хуманитарна акција со која ќе се соберат средства наменети за помош на малата Мила на која и е потребна итна операција на лицето во Америка. Настанот ќе биде од отворен тип.

Основна цел на SWT Алумни е создавање на интерактивни и развојни кариерни програми и иницијативи кои ќе им овозможат на младите целосно да ги развијат своите вештини и знаења, за да можат полесно да ги имплементираат своите иновативни идеи на македонскиот пазар.