World Chicago: Нов повик за учество во програмата – Tech Innovation and Entrepreneurship Fellowship

16

World Chicago и US Department of State, во соработка со CEED Македонија, пролетта 2020-та година ве носат во Чикаго на петнеделна професионална програма – Tech Innovation and Entrepreneurship Fellowship.

Програмата со наслов Tech Innovation and Entrepreneurship Fellowship Program, благодарение на соработката со CEED Македонија и CEED Hub Скопје, и оваа година е отворена и за кандидати од Македонија.

Апликациите ќе може да се поднесат од 01-ви октомври до 15-ти ноември оваа година.

Целта на програмата е да креира услови за доближување на претприемничкиот еко – систем на САД и Чикаго до учесниците од Западен Балкан, а со тоа да креира услови за размена на искуства, учење, остварување нови контакти и пренесување на стекнатите знаења во матичната земја, како и личен развој и развој на компанија односно организацијата на учесникот.

За сите дополнителни прашања, можете да ја контактирате Ана Трповска на atrpovska@ceed-macedonia.org.