Wristocat – удобна подлога за раце што ја олеснува работата на компјутер

59

wristocat

Wristocat е уред што би им бил од голема корист на оние луѓе кои со часови се пред компјутер. Станува збор за удобна подлога за рацете, додека корисникот работи на тастатурата или го користи глувчето.

wristocat-1

Уредот има ергономска форма што не му пречи на корисникот, лесно се прилагодува на движењата и ја поедноставува работата на компјутер. Формата Wristocat има терапевтско дејство на корисниците, по што не чувствуваат замор на рацете.

wristocat-2

За дизајнот и прототипот на Wristocat стои дизајнерот Дејв Лусиев од САД. Тој на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, доби финансиска поддршка од 208.023 долари.