WT: Social – нова социјална платформа од ко-основачот на Wikipedia

22

Ко-основачот на Wikipedia, Џими Велс, основаше нова социјална мрежа наречена WT:Social, којашто според него сега брои 160.000 членови.

Платформата стои зад тоа дека никогаш нема да ги “продава“ корисничките податоци и се потпира на дарежливоста на индивидуални донатори, а не на реклами.

Оние кои ќе се пријават прво ќе бидат додадени на листа на чекање и замолени да поканат и други или да одберат соодветен начин на плаќање, пишува BBC.

Корисниците ќе можат да ги видат објавите во хронолошки формат, неместо истите да се појават според некаков алгоритам со цел да им одговорат на нивните интереси.

Претплатата е од 12 до 90 евра во Европа, а во САД од 13 до 100 долари.

Она што според експертите е негативно кај оваа платформа е плаќањето за истата, од причина што корисниците веќе се научени бесплатно да користат социјални мрежи.

Фото: Facebook