Wynd – џебен прочистувач на воздух

139

wynd

Wynd е уред којшто има задача да го следи и да го прочистува воздухот секаде каде што се движи неговиот корисник.

Овој паметен додаток создава “меур“ од чист воздух онаму каде што е поставен, во исто време отстранувајќи ја прашината, различните видови на алергени и чад.

“Wynd не е само прочистувач на воздухот, туку претставува интелигентен систем за следење и создавање квалитетен воздух. Го следи воздухот во околината во којашто се наоѓате и го прочистува доколку има потреба. Wynd е голем колку обично шише, па лесно може да се постави во канцеларија, хотелска соба, автомобил, јавен превоз…“, велат од американскиот старт – ап, Wynd technologies.

Уредот го следи квалитетот на воздухот во секое време преку посебниот додаток (tracker). Неговите сензори го следат степенот на загаденост, концентрацијата на штетни честички во воздухот, како и појавата на алергени, чад од тутун, бактерии, мувла и смог.

Wynd е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде иако првично побара 50.000 долари поддршка, досега доби над 305.000 долари.