BMW, Designworks и Puma креираа патики наречени X-CAT DISC кои што се флексибилни, прилагодливи и ултра лесни, пишува Luxpresso. Обувките се со вградена иновативна технологија од Puma, којашто не користи класични врвки за врзување.
Наместо тоа, патиките се прицврстуваат за стапалото со помош на ротирачки диск којшто влече внатрешни жици што ги отвораат и затвораат патиките според потребите на корисникот. Имаат цврст и удобен тенок слој од еластичен и супер лесен материјал наречен GINA, што овозможува совршено прилагодување на стапалото. Благодарение на истиот нозете слободно дишат, а движењето е лесно и динамично.
Обувките се достапни во одбрани продавници на Puma низ светот од денеска.