Xiaomi e најбрзорастечки старт – ап бизнис во светот

19

xiaomi

Кинескиот производител на паметни телефони – Xiaomi Corp е најбрзорастечки старт – ап бизнис во светот. Компанијата постои само три години, а веќе остварува значителен профит, пишува порталот Fast company.

Минатата година, Xiaomi лансираше четири нови паметни телефони и оствари приходи од 19 милиони долари повеќе, што е пораст од над 150%, во споредба со 2012 година. Еден од моделите на Xiaomi е продаден во 100.000 парчиња за помалку од две минути.

Приходите на кинескиот старт – ап во 2013 година надминаа 5,2 милијарди долари, благорение на тоа што корисниците успеале да симнат над една милијарда апликации, што на Xiaomi му донесе приходи од апликации, игри и реклами што се наплаќаат. Менаџментот на компанијата проектира уште поголем раст и проширување на пазарите во Индија, југоисточна Азија и во другите брзорастечки економии.

На чело на оваа компанија стои Леи Џун, кој многумина го поистоветуваат со еден од основачите на технолошкиот гигант Apple, Стив Џобс.