Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi го престигна Apple во вториот квартал и стана втор во светот според производството и продажбата на паметни телефони, соопшти компанијата за анализа на пазарот Canalys.
Xiaomi за прв пат го зазеде второто место со 17% удел во испораката на паметни телефони ширум светот, што е зголемување за 3% во однос на претходниот квартал. Samsung е прв со удел од 19%, а Apple е трет со 14 %.
Кинеската компанија ги зголеми испораките во Јужна Америка за над 300%, во Африка за 150% и во Западна Европа за 50%.
Фото: Pixabay