Доаѓа ли крајот на паметните телефони? Xiaomi ја покажа алтернативата

124

Многумина се прашуваат каква е иднината на личните уреди по паметните телефони. Па, Xiaomi веќе има концепт за нов уред кој може да ги замени денешните популарни паметни телефони.

Кинеската компанија ги претстави своите први паметни очила, неколку дена откако Facebook, во соработка со Ray-Ban, демонстрираше сличен производ-Ray-Ban Stories. Паметните очила на Xiaomi се уште се само концепт, но со јасна комерцијална перспектива.

Новиот гаџет изгледа како обични очила и е многу лесен – само 51 грама, откри кинескиот извор IT Home. Но, овој уред има четири-јадрен процесор, батерија, адаптери за Wi-Fi и Bluetooth, пар камери, како и 497 различни сензори и други модули.

Во основата на екранот е минијатурен MicroLED панел со дијагонала од само 0,13 инчи. Таквиот уред на крајот може да замени паметен телефон или барем паметен часовник.

Xiaomi се обидува да ги направи паметните очила „попаметни“ од денешните паметни часовници. Спарени со паметен телефон, тие нема да ги прикажат сите известувања од него, само најважните. Информациите на екранот ќе се прикажат автоматски во зависност од ситуацијата, но дури и тука приоритет се дава само на најнеопходните податоци во моментот.

Очилата поддржуваат навигација и можат сами да иницираат и примаат повици (за оваа намена имаат вградени микрофони и звучник), а исто така имаат меморија за чување фотографии од вградената камера. Една од важните карактеристики е преводот активиран со глас во реално време.

Xiaomi не кажува кога ќе го лансира производот со иновативен концепт, но може да се претпостави дека ентузијастите нема да чекаат долго за да го видат наследникот на паметниот телефон.