Xiaomi го претстави својот прв електричен автомобил

37

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi го претстави своето прво електрично возило и веднаш објави дека има намера да стане еден од петте најголеми светски производители на автомобили.
Седанот наречен SU7 е долгоочекуван модел од кој се очекува максимално да го искористи заедничкиот оперативен систем со популарните телефони на компанијата, пишува Index.

Сепак, автомобилот го прави своето деби во време кога најголемиот светски автомобилски пазар се бори со прекумерен капацитет и забавување на побарувачката што поттикна голема ценовна војна.

„Со напорна работа во следните 15 до 20 години, ќе станеме еден од најдобрите пет светски производители на автомобили, стремејќи се да ја подигнеме целата кинеска автомобилска индустрија“, рече извршниот директор Леи Јун на претставувањето на моделот SU7.

Фото: Х