Xiaomi има план – повеќе од 15 милијарди долари за да го сруши Apple

154

Xiaomi ќе инвестира повеќе од 15 милијарди долари во следните пет години во развој и истражување за да го отстрани Apple од тронот како најголем производител на паметни телефони.

Нивната цел е прво да станат број еден во Кина, а потоа и на глобалниот светски пазар и да го соборат Apple од првото место.

Леи Јун, извршен директор и основач на Xiaomi, рече дека нивната цел е да го достигнат целосното ниво на Apple и да станат број еден во следните три години.

Минатата година Apple го престигна Samsung и стана најголем продавач на мобилни телефони во светот, а по шест години станаа број еден и во Кина.

Xiaomi сега ќе потроши над 15 милијарди долари за да ги собори и ќе отвори уште 20.000 малопродажни места само во Кина.