Xiaomi ќе го претстави својот прв електричен автомобил во август

109

Xiaomi минатата година објави дека влегува на пазарот на електрични автомобили и дека планира да инвестира 10 милијарди долари во проектот во следните десет години. Воедно најавија изградба на нова фабрика за производство на автомобили, како и центри за истражување и развој.

Компанијата во Пекинг гради фабрика со капацитет за производство на 300.000 возила годишно, а Леи Џун, првиот човек на компанијата, веќе следниот месец треба да го претстави прототипот на првиот електричен автомобил што компанијата го подготвува.

Кинеските медиуми наведуваат и дека Xiaomi инвестира во компании за производство на батерии, како што е „Beijing Weilan New Energy Ltd“.

По презентацијата на возилото, ќе има фаза на тестирање, а првите модели треба да бидат пуштени во продажба во 2024 година.

Xiaomi планира да претстави четири електрични автомобили во следните неколку години. Два во сегментот на поевтини автомобили (помеѓу 20.000 и 30.000 долари) и два до 45.000 долари.

Во моментов нема премногу детали за новите модели, но повеќе информации би требало да бидат достапни веќе следниот месец.