Xiaomi ќе произведува 300.000 автомобили годишно

100

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi, кој е најпознат по производство на паметни телефони и друга потрошувачка електроника, ќе изгради фабрика за електрични автомобили која ќе може да произведува 300.000 возила годишно, потврди кинеската влада.

Фабриката на Xiaomi ќе се гради во две фази, а компанијата ќе изгради и седиште за одделот за автомобили, продажба и истражување.

Фабриката и придружните објекти ќе бидат изградени во зоната на економско-технолошки развој на Пекинг, открива Пекингската економска агенција за развој.

Истата агенција соопшти дека очекува фабриката да достигне нивоа на масовно производство во 2024 година, цел што ја најави шефот на Xiaomi, Леи Јун уште во октомври.

Во март оваа година, Xiaomi рече дека е посветена да инвестира 10 милијарди долари во својот нов автомобилски оддел во следните 10 години.

Во оваа насока, кинескиот технолошки гигант го регистрираше својот нов оддел за електрични возила уште во август.