Xiaomi основа компанија за електрични автомобили

94

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi официјално регистрираше компанија за електрични возила, за која вели дека влегла во “напредна фаза на развој“.

Новата подружница наречена Xiaomi EV е регистрирана со основачки капитал од 10 милијарди јуани (1,55 милијарди долари), пренесува CNBC.

Во март, технолошкиот гигант со седиште во Пекинг објави планови за започнување бизнис во областа на електричните автомобили, во кои ќе инвестира 10 милијарди долари во следната деценија. Во моментов Xiaomi EV има 300 вработени, а бизнисот го води основачот и извршниот директор Леи Jун, се додава во соопштението.